Штутгарт славеше со 3-2 против Борусија Менхенгладбах во рамки на 25.коло во Бундеслигата.

Домашните направија фантастичен пресврт за да дојдат до трите бода откако губеа со 0-2. Алесан Плеа и Маркус Тирам им донесоа водство на гостите од 0-2 по 35.минута игра.

Ватару Ендо намали на 1-2 само три минути подоцна. Пресвртот во вториот дел го направија Крис Фухрих и Саша Калајџиќ за 3-2.