Јувентус остана без планираната победа на гостувањето кај Болоња, откако одигра само нерешено (1-1) со што пропушти шанса да се искачи на втората позиција на табелата, а и го загрозија пласманот на местата кои водат во Лигата на шампионите за следната сезона.
Орсолини уште во десеттата минута му донесе водство на домаќинот и тоа од пенал, а удар од белата точка добија и гостите од Торино дваесетина минути подоцна. Но, ударот на Милик го одбрани голманот Скорупски. Полскиот напаѓач, сепак, се запиша во листата стрелци, што се покажа како конечен резултат.
Јувентус по враќањето на одземените 15 бода со ова реми остана третопласиран, но сега со само три бода повеќе од Интер, Милан и Рома, кои се во игра за едно од првите четири места кои водат во ЛШ.