Фудбалерите на Лил и Салцбург од групата Г се пласираа во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Во оваа група можеа да поминат сите клубови, но францускиот шампион тоа го направи со триумф над Волфсбург на гости со резултат 3:1 (1:0), а австрискиот шампион со победа над Севиља на „Ред Бул Арена“ – 1: 0 (0: 0).
Тимот од Андалузија заврши на третото место, па ќе се пресели во омиленото натпреварување, Лигата на Европа.
Волфсбург со победа на својот стадион можеше да обезбеди премин во нокаут фазата, но целосно потфрли и остана без ништо.
Лил одигра многу зрело и поведе со голот на Бурак Јилмаз во 11. минута, а подоцна триумфот над „волците“ го потврдија Џонатан Давид и Анхел Гомеш во 72. и 78. минута.
Бундеслигашот преку Ренато Штефен во финишот успеа да стигне до почесниот гол.
Салцбург ја пречека Севиља во Австрија и исто така одигра зрело, и заслужи да помине меѓу 16-те најдобри.
По првото полувреме во кое немаше голови, Ноа Окафор во 50. минута му го донесе победничкиот гол на домаќинот.
Од 64-та Севиља остана со играч помалку затоа што Џоан Џордан во рок од осум минути го доби вториот жолт картон и тоа беше крај на Севиља на која и требаше само победа.
Во групата Ф главниот натпревар беше Аталанта – Виљареал, но беше одложен поради снегот во Бергамо.
Помалку важно беше помеѓу Манчестер Јунајтед и Јанг Бојс, кој заврши без победник – 1:1 (1:1).
Двата гола беа видени во првото полувреме. Првиот гол го постигна Мејсон Гринвуд во деветтата минута, а израмни Фабијан Ридер во 42. минута.
Тоа се покажа како конечниот резултат од оваа средба.