Кошаркарите на Партизан го совладаа Метрополитен во 6. коло од Еврокупот со резултат 89:82.
По тринеделна пауза се врати Еврокупот и видовме интересен и драматичен натпревар во Париз каде кошаркарите на Партизан забележаа нова победа.
Ова беше петта победа на црно-белите на крилата на одличниот Кевин Пантер, кој мечот го заврши со 28 поени и 2 асистенции за 35,5 минути на паркетот.
За големината на оваа победа на Партизан говори и тоа што Метро неодамна во Вилрбан го победи евролигашот Асвел со 21 разлика, додека другиот француски ЕЛ тим Монако беше поразен во Париз со дури 27 разлика.
Покрај одличниот Пантер, двоцифрени беа Ледеј со 15, Смаилагиќ 14 и Аврамовиќ со 12 поени.
Во редовите на Метрополитен, 22 поени постигна Хорнсби, 16 Хантерс и Конат, 13 Камингс и 11 Хо Џо Фата