Маичката со која Коби Брајант се загреваше за рекордните 81 поен продадена е за – куп пари.Маичката на легендарниот Коби Брајант, кој пред две години во хеликоптерска несреќа трагично загина е продадена на аукција за неверојатни 277.000 долари.

Станува збор за тренинг маичка со која легендарниот Брајант се загревал пред мечот на ЛА Лејкерс со Торонто во 2006 година, кога тој стигна до неверојатни 81 поен на мечот и е втор кошаркар по број на дадени поени на еден меч, зад Вилт Чембрлен кој е единствен со „стотка“.

Брајант своите 81 поен ги даде во 2006 година во победата на ЛА Лејкерс над Торонто со 122-104, а сега таа маичка се најде на аукција на аукциската куќа „Сотби“ и неименуван колекционер платил неверојатна сума на пари за да ја има – 277.200 долари.

 

Брајант загина на 26 јануари 2020 година во хеликоптерска несреќа во Калифорнија, откако поради лошо време хеликоптерот со кој патуваше кон својата „Мамба Академија“ се урна. Со него почина и ќерката Џанина, како и седум други лица кои патуваа со него кон Академијата.