Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс ја забележаа втората победа во оваа кампања и тоа на гостувањето во Тексас кај Хјустон Рокетс со 105:96.
„Воините“ го имаа на располагање најрасположениот играч на паркетот, Стеф Кари кој имаше 24 поени, 7 скока и 6 асистенции. Тој во самиот финиш имаше и еден потег во негов стил со кој ја запали клупата на Голден Стејт, мајсторија со која си поигра со еден од најдобрите дефанзивци во лигата Дилон Брукс по што следуваше специфично славје при кое се фати за глава.
https://twitter.com/i/status/1718807890587263205
https://twitter.com/i/status/1718803653719408970