Тони Кукоч синоќа беше претставен во Куќата на славните а го претстави Мајкл Џордан, кој беше негов соиграч во Булс. Друштво му правеа Владе Дивац и Дино Раџа.
Раџа ова признание го доби во 2018 година, а Дивац една година подоцна. Кукоч им се придружи вчера. Триото кое порасна заедно и го освои светот, сега се заедно во најпознатата кошаркарска куќа во светот.
Кукоч, Раџа и Дивац заедно освоија се што можеше да се освои во помладите селекции на Југославија. Беа европски шампиони а потоа беа и светски шампиони.
Неодамна се сними и одличен документарен филм „250 чекори“ за генерацијата што го освои светот во Бормио во 1987 година и двапати ги победи страшните Американци.
Раџа и Кукоч ја предводеа Југопластика до врвот на Европа, а Дивац го носеше дресот на Партизан, со кој Сплитските жолти водеа епски битки во најсилната лига во Европа во тоа време. Тие беа одлични пријатели и големи ривали на паркетот.
Во дресот на сениорската репрезентација, двапати по ред беа европски шампиони (1989 и 1991 година), а во Аргентина во 1990 година фуриозно ја освоија титулата светски шампион.
Точно 30 години од последниот голем заеднички медал, триото повторно се заедно. Во кошаркарската сала на славните.