Вечерва стартува новата сезона од најквалитетното фудбалско натпреварување на стариот континент. На програмата е првото коло од Лигата на шампионите а вечерва ќе ги одиграат своите натпревари тимовите од групите Е, Ф, Г и Х . Две пресметки се од 18:45 часот, а потоа уште шест во терминот од 21:00 часот.

Новата сезона понуди дерби натпревари уште во првата рунда, бидејќи вториот шешир пред ждрепката понуди атрактивна групна фаза.

Најинтересно се очекува да биде на Камп Ноу каде Барселона го пречеува Баерн Минхен. Барселона сигурно ќе сака да се реваншира за срамниот пораз 2-8 од пред 1 година.

Трофејот во Лигата на шампионите ќе го брани Челзи кој во Лондон ќе го пречека Зенит.
На останатите натпревари се среќаваат Севиља – Салзбург, Јанг Бојс – Манчестер Јунајтед, Динамо Киев – Бенфика, Лил – Волфсбург, Малме – Јувентус и Виљареал – Аталанта.