Златан Ибрахимовиќ одамна нема играно за Милан поради повреда, но е многу важен за соблекувалната на италијанскиот гигант, па голем дел од натпреварите на Милан ги следи од клупата и покрај тоа што е јасно дека неговото влегување на терен не е опција веќе неколку месеци.
За тоа колку е популарен и додека е на клупата сведочи „Ibra Cam“, камера која е поставена само за да снима се што прави Златан во текот на натпреварот.
Камерата го снима Ибрахимовиќ во текот на сите 90 минути, а потоа Милан на својот канал на Јутјуб ги објавува најинтересните детали.
https://youtu.be/NHtaURoRDHM