Новинарот на Њујорк Тајмс, Тарик Пања, на својот Твитер објави фотографија од еден од новоизградените стадиони во Катар пред Светското првенство. Стадионот среде пустина не изгледа многу добро, особено затоа што нема буквално ништо околу него. На тоа не се навикнати љубителите на фудбалот, кои на неговата објава напишаа бројни негативни коментари.
https://twitter.com/tariqpanja/status/1510921161076523011?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1510921161076523011%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Ffotografija-stadiona-u-kataru-izazvala-brojne-reakcije-jezivo%2F2353615.aspx
Инаку, Светското првенство во Катар започнува во ноември годинава и ќе трае до пред Божиќ. Контроверзен е самиот избор на Катар за домаќин, како и организацијата на турнирот, бидејќи Катар нема фудбалска традиција. Британски Гардијан објави дека за време на изградбата на стадионот загинале повеќе од 6.500 странски работници.
Холандскиот селектор Луис ван Гал неодамна изјави дека му е смешно што Мундијалот се одржува во Катар, неколку репрезентации покажале револт поради кршењето на човековите права, но останало само тивок протест и носење маици. Ниту една репрезентација се уште не се откажала од натпреварувањето.