Потрошувачката на пиво е доста честа појава на стадионите низ Европа.
Во Холандија навивачот на Твенте отиде да купи пиво на натпреварот против Вилем ||, но не само за себе, туку за цело друштво со кое бил на трибините. И тој донесе ни помалку, ни повеќе туку 48 чаши пиво!
– Секогаш одам на натревар со група пријатели, и секој пат одбираме кој од нас е задолжен да носи пиво. Сега беше мојот ред. Не сакав да се вратам во ред и да чекам, па решив да ги донесам сите пива одеднаш. Незгодно беше по скалите, но заврши добро – рекол „херојот“ на приказната.
Заслужи аплауз за овој подвиг…