Во првенството на Бразил се случи една неверојатна ситуација. Португеса победи со 2-0 против Сао Бенто во плеј офот во бразилската Паулиста А2-лига, но мечот го одбележа едно епско промашување за која човек да не поверува дека е можна.
Едуардо Диниз, како Лео Меси направи спектакл, зашто во контранападот сите што му дојдоа да го запрат ги предрибла, па и голманот и кога дојде најлесната задача да погоди во празната мрежа,напаѓачот буквално се посрамоти.
Успеа да го промаши празниот гол.