Изгледа дека англискиот репрезентативец Хари Мегвајер ги живее последните денови во Манчестер и дека крајот на сезоната ќе го дочека во друг клуб.
Утринава, англиските медиуми објавија дека интерес за него постои од Челси, но Јунајтед ионака бара начин да се ослободи од него. Цела Европа му се смее на тимот поради грешките и глупостите на фудбалерот кој е и капитен на најтрофејниот во Преиер лигата.
Со доаѓањето на Лисандро Мартинес, многу веројатно Мегвајер ќе го загуби местото во стартната постава бидејќи партнер на Аргентинецот треба да му биде Рафаел Варан. Сето ова се случува на два дена пред големото дерби против Ливерпул во кое Јунајтед ќе влезе како голем аутсајдер.