Фудбалерите на Хофенхајм го победија Баер Леверкузен со 3:0, додека Дортмунд загуби со 3:2 од Вердер Бремен.

Уште едно саботно попладне беше збогатено со квалитетен германски фудбал, а посебно се издвојуваат натпреварите помеѓу Хофенхајм и Борусија Дортмунд.

Како гостин, Хофенхајм едноставно го скрши Баер Леверкузен, а се започна со прекрасниот гол во 9. минута, кога Баумгартнер со пета ги доведе гостите во водство.

По 35 минути игра, Хофенхајм ја удвои предноста и имаше големи 2:0, а заслугата за тоа ја има хрватскиот напаѓач Андреј Крамариќ, додека голот на Сков беше поништен во 41. минута за високи 3:0.

Во вториот дел видовме дури пет жолти картони и прекрасен гол на Ратер, кога од десната страна влезе во шеснаесетникот, ја заврти топката лево и ја заби во мрежата на Леверкузен.

https://www.youtube.com/watch?v=sn2mF4t3p8Y

Борусија Дормунд беше во водство 89 минути, а Вердер успеа да ги шокира и да победи со резултат 3:2.

Не одеше како што треба, Дормунд се мачеше, а потоа на крајот од првото полувреме Јулијан Брант успеа од голема далечина да го матира голманот на Вердер и да донесе водство од 1:0 пред заминување во соблекувалната.

Во продолжение ситуацијата беше речиси идентична, Дортмунд немаше многу успех во нападите, се додека Гереро не погоди по корнер со удар надвор од шеснаесетникот за 2:0.

Се чинеше дека Дортмунд ќе победи без поголеми проблеми, а потоа Вердер дојде до чудо. Бјукенан во 89. минута намали на 2:1 и навести дека Борусија ќе стрепи до крајот.

Никлас Шмит во 93. минута им донесе израмнување и голема радост на гостите од Бремен, само минута подоцна после контра погоди и Оливер Бурк , донесе вистинско чудо и огромен пресврт за победа на Вердер од 3:2.

https://www.youtube.com/watch?v=4_0NzJOq-sM

Бундес лига, 3. коло
петок:
Борусија Мехенгладбах – Херта 1:0 (1:0)
Плеа 34
Сабота:
Аугсбург – Мајнц 1:2 (1:1)
Демировиќ 35 – Онисиво 31, Ли 90+3
Баер – Хофенхајм 0:3 (0:2)
Баумгартнер 9, Крамариќ 35, Ратер 78
Борусија Дортмунд – Вердер Бремен 2:3 (1:0)
Брант 45+3, Гереро 77 – Бјукенан 89, Шмит 90+3, Бурк 90+4
Штутгарт – Фрајбург 0:1 (0:1)
Грифо 11
Волфсбург – Шалке 0:0
18:30 Унион Берлин – Лајпциг
недела
15:30 Ајнтрахт – Келн
17:30 Бохум – Баерн

Standings provided by SofaScore LiveScore