Македонскиот репрезентативец Лирим Ќамили е херој на тимот на неговиот тим Сондерјиске, во дуелот со Митјиланд.

Тимот на Сондерјиске триумфираше со 3-2 против тимот кој до ова коло беше лидер на табелата во данското првенство, а сега е израмнет со Брондби. Тоа е само трет триумф на екипата во која настапува Ќамили, а нашиот фудбалер стигна до вкупно пет гола во шампионатот.

https://twitter.com/i/status/1848049403807842444

Димитар Митровски учествуваше со гол за Вараждин во победата од 2-1 против Горица. Тој погоди во 19. минута за водство од 1-0, по што Мамиќ го постигна вториот гол за Вараждин.

https://twitter.com/i/status/1848044622808764485