Милан славеше со 2-1 на гостувањето кај Келн на пријателски натпревар. За италијанскиот шампион ова беше прв сериозен тест натпревар во подготовките, а играч на натпреварот беше Оливие Жиру.

Французинот ги постигна двата гола за „росонерите“ во првото полувреме. Најпрво во 16.минута го лобуваше противничкиот голман за 0-1 по фантастичната асистенција на Анте Ребиќ, а вториот гол го постигна 20 минути подоцна, кога пласираше фантастично во десниот агол на Келн.

Во второто полувреме тренерот Стефано Пиоли им даде шанса на сите младинци на Милан, па Келн успеа да го ублажи поразот во самиот финиш преку Диц.