ВАР по десет минути игра му поништи гол на Родриго Салазар, па глупост направи Доминик Дракслер кој доби црвен картон, по што Шалке потоа не можеше да им парира на домаќините, кои со три гола во вториот дел успеаа да дојдат до победата.
Отвори Килијан по четири минути во вториот дел, предноста ја дуплираше Кајнц во 65-та минута, а Љубичиќ на десет минути пред крајот стави печат на триумфот, откако Шалке се врати во мечот четири минути пред тоа со гол на Бултер.