Мисијата за трета последователна титула во Премиер лигата, Манчестер Сити ја започна со убедливо издание и сигурна победа во Лондон против Вест Хем со 0-2 (0-1). Одлично деби имаше Ерлинг Халанд, автор на двата гола за гостинскиот тим.
Клучниот момент се случи во 34. минута, кога Ареола го сруши Халанд и главниот судија покажа на белата точка. Норвежанецот изведе перфектен пенал и на Сити му донесе предност од 1-0 по првиот дел.
Во второто полувреме норвешката гол-машина перфектно го искористи пасот на Де Брујне и го матира Ареола (2-0). На тринаесет минути пред крајот Пеп го замени, а Халанд со овации беше испратен од фановите на Манчестер Сити.