Фудбалерите на Нотингем му гостуваа на Њукасл на Сент Џејмс Парк и забележа пораз од 2:0 во нивниот камбек настап во Премиер лигата.

И додека не се прославија со играта, играчите на Нотингем Форест станаа хит со изведувањето корнер. Кога играчот на Форест почна да го изведува корнерот, никој од неговите соиграчи не се најде во шеснаесетникот. Застанаа на 25 метри од голот, а потоа спринтаа кон голот на Њукасл, но оваа тактика на крајот не вроди со плод.