Актуелниот италијански првак Милан, во минатото коло го растури лидерот Наполи со 0-4 во Неапол, а дома на „Сан Сиро“ не успеа да постигне гол и да го победи Емполи. „Росонерите“ одиграа без голови, иако триумфот им беше повеќе од потребен во трката за пласман во ЛШ.
По ова реми, Милан е третопласиран со 52 бода, еден повеќе од Интер и два повеќе од Рома, која има и еден натпревар помалку.
Стефано Пиоли се реши да стартува со малку измешан состав, а во нападот беше Дивок Ориги. Откако увиде дека тоа не дава ефект, ги уфрли сите сили, Рафаел Леао, Оливие Жиру и Де Кетеларе.
Жиру во финишот постигна гол, но не беше признат поради игра со рака, а Флоренци ја погоди стативата.
На крајот, дуелот заврши без голови, Емполи со цврста одбрана си замина непоразен од „Сан Сиро“.