Лацио стигна до петтата победа оваа сезона во Серија А откако на „Олимпико“ ја декласира Специја со 4-0. Чиро Имобиле на самиот старт не реализира пенал, но Закањи и Ромањоли брзо обезбедија два гола предност за „лацијалите“.

Во второто полувреме Сергеј Милинковиќ – Савиќ беше двоен стрелец и донесе убедлив триумф за Лацио.