Рајо Ваљекано на последните пет меча на гостински терен не знае за пораз, со оваа победа има три победи и две нерешени средби во низа.

Огромен придонес за тоа има нашиот голман,  Димитриевски кој имаше неколку фантастични интервенции.

Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 70. минута кога Камељо погоди за водство на Рајо Ваљекано и победа од 1-0.

Сега тимот на Столе Димитриевски има 29 бода, само пет помалку од Атлетико Мадрид кој е во зоната за пласман во Лигата на шампионите.