Един Џеко во осмата и Хенрик Мхитарјан во 11-та минута ги постигнаа двата гола за победата на Интер, и за три минути направија добра предност пред реваншот за шест дена. Интер со енергијата, агресивноста е голем фаворит за Истанбул.
Димарко погоди дирек, Мањон спаси чист гол во истата акција по удар на Барела, па ВАР го спасуваше Милан да не отиде и на три негатива откако претходно судијата Манзано покажа на белата точка, во воведните пола час во кои „нераѕурите“ буквално ги прегазија „росонерите“.
Милан не одигра ништо во првиот дел, во вториот дојде до две шанси во кои Месијас се посрамоти со шутот крај гол, а Тонали погоди дирек, но Мањон спаси на средина во вториот дел повторно во зицер на Един Џеко, а Интер во завршниот период се задоволи со предноста.
Интер последен пат играше финале во 2010 година со Горан Пандев во тимот и Жозе Мурињо на клупата, кога третпат ја освои европската круна.