Малме е нов шампион на Шведска. Во денешното последно коло, тимот на македонскиот репрезентативец Ердал Ракип одигра 0-0 на домашен терен против Халмштад, а тоа беше доволно за освојување на шампионската круна. Ракип влезе од клупата и одигра 70тина минути. Интересно е дека Малме има идентичен број бодови со АИК и водеше мртва трка до самиот крај на првенството.

Затоа и огромна беше радоста по последниот свиреж на судијата. Дури и застрашувачка глетка. Сите фанови велтаа во теренот, а гостинските фудбалери спасуваа жива глава…

Standings provided by SofaScore LiveScore