Аспиликуета од поодамна е на радарот на Барса и сакаат искусен фудбалер зашто Чави Ернандез не е задоволен од Сержињо Дест, но сега проблем е за да го ангажираат,што ќе мора да платат обесштетување, откако Челси ја активирал клаузулата за продолжување на соработката со Шпанецот.
Во договорот на десниот бек со лондончани имало клаузула за автоматско продолжување на соработката после истекот на истиот и тоа без согласност на фудбалерот, ако клубот ја активира истата, што Челси и го направил. Ова е зашто Аспиликуета со Челси на последниот потпишан договор ставил потпис на неколкугодишна соработка со опција за продолжување на истиот.
Шпанецот не форсира заминување, но во зависност од финансиската сила на Барса не се исклучува ни трансфер.