Откако и Швеѓаните и Финците ја забележаа втората победа во групата, јасно е дека во последното коло во директен дуел ќе решаваат за патникот во четвртфиналето .
Финска со победата против Летонија барем го обезбеди второто место во групата. Во случај да остане на второто место, дали ќе оди директно во четвртфиналето ќе зависи од останатите второпласирани.
Првото место, за кое треба да ја победи Шведска во последното коло, носи слободно време кога ќе се игра осминафиналето и дирекно вклучување во четвртфиналето.
Не беше лесно против Летонија, но сепак Финците славеа со 3:1 и со тоа спречија изненадување.
Дури во 38. минута Финска поведе со голот на Валтери Кемилаинен. Веднаш на стартот од последната делница Летонија израмни преку Родриго Аболс, но финишот сепак и припадна на Финска.
На пет минути пред крајот Лео Комаров ја врати Финска во водство, а во 59. минута Марко Антила ги постави конечните 3:1.
Група Ц, второ коло:
Летонија – Финска 1:3
Табела:
1. Финска 6
2. Шведска 6
3. Летонија 0
4. Словачка 0