Австрискиот тим во ски-скокови Штефан Крафт, Даниел Хубер, Јан Хоерл и Мануел Фетнер ја освоија титулата олимписки победници во екипна конкуренција на Зимските олимписки игри во Пекинг.

По многу интересна борба, Австријците освоија вкупно 942,7 поени, 8,3 повеќе од сребрените Словенци – Ловро Кос, Цене Превц, Тими Зајц и Петер Превц и 21,8 од бронзените Германци Константин Шмид, Стефан Лејхе, Маркус Ајзенбихлер и Карл Гајгер.

Клучно за победата на Австријците беше одличниот скок на нивниот трет скокач Хоерл во втората серија, кој прескокна 137,5 метри или 11,5 метри подолго од словенецот Зајц, па претходната разлика од 8,2 поени беше претворена во предност од 4,7. поени пред последните скокачи. И во последната серија Фетнер беше еден метар подолг од Петер Превц за третото австриско злато во оваа дисциплина во историјата на Зимските олимписки игри. Австријците досега славеа во 2006 и 2010 година.

За Словенија ова е трет медал во екипни скокови, по бронзениот медал во 1988 година, тогаш под знамето на СФРЈ и во 2002 година.

Германците, пак, продолжија да освојуваат медали на Зимските олимписки игри, ова е четврти по ред, по среброто во 2010 година, златото во 2014 година и среброто во 2018 година. , Норвежаните,  на крајот останаа четврти со 0,8 поени зад Германците.

РЕЗУЛТАТИТЕ:
1. Австрија 942,7
2. Словенија 934.4
3. Германија 922,9
4. Норвешка 922.1
5. Јапонија 882,8
6. Полска 880.1
7. Русија 806,5
8. Швајцарија 791,5