Кошаркарите на Црвена звезда го совладаа Уникс во Казан со резултат 84:77, во рамките на 26. коло од Евролигата.
Избраниците на Дејан Радоњиќ му се реваншираа на рускиот тим за поразот во Белград во ноември (98:78).
Црвено-белите имаа водство во поголемиот дел од првото полувреме, предноста ја загубија во третата четвртина, но во последната четвртина успеаја да стигнат до пресврт и до важен триумф.
Сега имаат скор 9-14, додека Уникс 13-11 и сега ги намалија шансите за пласман во Топ 8 фазата од ова натпреварување.
Најзаслужни за победата на српскиот тим беа Никола Калиниќ со 20 поени и шест асистенции, односно Нејт Волтерс со 19 поени и четири скока.
На двајцата одлично друштво им правеа Остин Холинс и Лука Митровиќ со по 10 поени.
Кај Уникс стандардно најдобар беше Марио Хезоња со 18 поени, еден помалку постигна Марко Спису, а двоцифрен беше Џон Браун со 13.
Звезда многу подобро го отвори овој натпревар, играше мирно и организирано, особено во одбраната.
Уникс чекаше повеќе од четири минути за првите поени, но разликата растеше, а гостите брзо стигнаа до двоцифрено водство.
Домашните почнаа полека да се враќаат со тројки на стартот од вториот период, пред се благодарение на Италијанецот Спису.
Звезда го одби тој налет, се чинеше дека на полувреме ќе одат со предност,но сепак Хезоња и Спису беа прецизни од зад линијата од 6,75 метри во финишот, па резултатот по првите 20 минути беше нерешен.
Второто полувреме Уникс го започна во подобар ритам, се разбуди Џон Браун, а по резултатска клацкалка, избраниците на Велимир Перасовиќ се одлепија на максимални +9 во тој момент.
Сепак, Звезда набрзо возврати со серија од 7:0 во последната минута од третата четвртина и се врати во игра.
Последната четвртина беше изедначена на почетокот, за Звезда да го реши дуелот со серија од 15:3 и да оствари триумф во Казан.
Следниот дуел Црвена Звезда го игра на 25 февруари во Атина против Панатинаикос.