Репрезентацијата на Црна Гора беше блиску до големо изненадување во Поу против селекцијата на Франција во првото коло од квалификациите за СП 2023 година.
Сепак, домашните кошаркари успеаја да направат пресврт во последната четвртина и на крајот да слават со резултат 73:67.
На крилата на расположениот Владимир Михаиловиќ, но и Џастин Кобс, Црна Гора имаше 10 поени предност на крајот од третата делница.
Сепак, во последниот период како да застана и постигна само 11 поени, наспроти 24 на „триколорите“ кои направија пресврт и славеа триумф.
Најефикасен на натпреварот беше Михаиловиќ со 24 поени, а Кобс имаше 16.
Во победничкиот тим Лабери постигна 18 поени, а Кординије 16 поени.