„По наредба на Државното обвинителство, полициски службеници од Даночната управа вршат претрес во канцелариите на фудбалскиот клуб Јувентус во Торино и Милано“, соопшти доцна синоќа Државното обвинителство во Торино.
„Истрагата наречена Призма започна во мај 2021 година и беше доверена на инспектори од Секторот за финансиски криминал. Во текот на истрагата тие користеа прислушување и следење на комуникацијата на осомничените поради основано сомневање дека многубројните трансфери на фудбалери се платени премногу преку посредници. Јувентус заработи кривична пријава бидејќи клубот како правно лице обезбедувал можност за физички лица да профитираат незаконски од одредени трансакции.
Италијанските медиуми додаваат дека трансакциите на Јувентус вредни околу 50 милиони евра се под истрага, а шестмина водечки луѓе на клубот во споменатиот период се осомничени за фалсификување трансакции и финансиски извештаи. Меѓу нив се претседателот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед, до неодамна спортскиот директор Фабио Паратичи, кој во меѓувреме се пресели во Тотенхем и уште тројца сегашни и поранешни функционери на Јувентус задолжени за финансиите на клубот.
Сите тие се под истрага за фалсификување клупско сметководство и лажно фактурирање. Осомничен е и Јувентус како клуб, на кој исто така му се заканува обвинение бидејќи го наведува италијанскиот Закон за корпоративна одговорност.