„Сините“ ја совладаа екипата на Астон Вила во Бирмингем со 3-1 и се пласираа во осминафинале од ФА Купот. Ова беше преигрување на дуелот од 1/16-финалето бидејќи првиот натпревар на Стемфорд Бриџ заврши без голови.
Челзи одигра беспрекорно прво полувреме во кое постигна два гола, преку Галагер и Џексон. На стартот на вториот дел, со маестралниот гол на Енцо Фернандез од слободен удар ги оттргна сите дилеми околу конечниот исход. Астон Вила дури во судиското продолжение успеа да постигне почесен гол преку Диаби.
Во осминафиналето, Челси ќе биде голем фаворит во дуелот со второлигашот Лидс и ќе има шанса да помине уште една фаза од ова натпреварување.