Саудискиот проект Ал Хилал е милионски, но сепак нема да игра финале во Азиската Лига на шампиони. „Сините“ од Саудиска Арабија кои ја имаат светската низа по број на натпревари без пораз дома победија со Ал Аин од ОАЕ (2-1), но тоа не беше доволно, па испаднаа.
Кобен во полуфиналниот двомеч беше првиот дуел кој заврши со 4-2 за Ал Аин. Тимот предводен од Хернан Креспо направи голем подвиг и во финалето ќе игра со Улсан или со Јокохама.
Што се однесува до реванш мечот во Саудиска Арабија, домашниот тим поведе уште во 4. минута кога погоди Рубен Невес. Сепак, неколку минути подоцна, во 12. минута, Ерик израмни на 1-1. До финишот на првиот дел Ал-Хилал имаше шанси, ВАР му поништи и пенал. Иако на стартот на вториот дел, Ал-Давсари донесе 2-1 за домашната екипа, а тоа беше и конечниот резултат.
Испаѓањето на Ал-Хилал е уште еден удар за фудбалот во Саудиска Арабија во кој се вложија многу пари.