Рускиот шампион на ВТБ лигата, Уникс Казан поведе со 1-0 во четвртфиналната серија од плејофот откако на домашен терен го победи тимот на Енисеј со 83-73.
Тимот на Рубин од Казан, кој основниот дел од сезоната го заврши на првото место, долго се мачеше да го скрши отпорот на противникот, но на крајот оствари и убедлива победа. Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ немаше свој ден на реализаторски план, погоди само 3/8 од игра, но затоа максимално ги разигра своите соиграчи, остварувајќи дури 15 асистенции, што е негов рекорд на кариерата, за индекс 23.
Уникс ќе биде домаќин и на вториот меч од серијата кој ќе се игра на 25 април. Во оваа фаза се игра до три добиени натпревари.