Дека НБА одамна не е тоа што била, арена на воини за кои витештвото е пред сѐ и во која судиите допуштаат машка борба, доказ е ноќешната пресметка помеѓу Бостон селтикс и Оклахома сити тандерс (126-122) во која Џејсон Тејтум ја доби најчудната техничка грешка во кариерата.

Нему на стартот од вториот период му беше досуден прекршок, по што разочарано си удри дланка во дланка, но без воопшто да изреагира бурно или да му каже нешто на делителот на правдата.

 

Но, тоа не го спаси од остриот поглед на судијата и од техничка грешка, која дефинитивно е доказ дека НБА веќе е станата сцена на балет наместо арена за машка борба.