Актуелниот шампион на Италија стави крај на црната серија од четири порази и за одлепување од дното на табелата. Сепак, малку недостасуваше Олимпија Милано повторно да испушти висока предност бидејќи во втората четвртина водеше со 17 разлика (40-23), а дозволи Виртус не само да се врати во игра, туку и да дојде до +6 во третиот период.
По Реал Мадрид, кошаркарите на Олимпијакос ја совладаа и Барселона во седмото коло од Евролигата. Грчкиот гигант им одржа лекција на каталонските ѕвезди и на крај славеше победа со убедливи 98-74.
Ова е четврти триумф за „црвено-белите“ од Пиреја, додека Барселона го забележа вториот пораз. Кај Олимпијакос најефикасен беше Еван Фурние со 19 поени, еден помалку имаше Везенков, додека српскиот центар Никола Милутинов постигна 12 поени.
Кевин Пантер со 18 поени беше најдобар во тимот на Барселона. Олимпијакос сега има пресметка со Панатинаикос, а Барса дуел со Басконија.