Фиорентина се наоѓа во серија од четири победи по ред во Серија А, односно на четвртата позиција во лигата, а еден од најзаслужните за добрите резултати е голманот Давид Де Хеа.
Екипата на Фиорентина со голот на Робин Госенс во 72. минута извојува значајна победа на гостувањето кај Џенова во Серија А (0-1).
Но херој на „виолетовите“ е Давид Де Хеа, шпанскиот голман кој во самиот финиш имаше фантастично, чудесна одбрана.
Де Хеа не беше доволно добар за Манчестер јунајтед, па си замина како слободен агент, но веднаш го покажа неговиот квалитет во калчолигата.
Шпанецот е прв на листата по процент на успешни интервенции, односно 82 отсто, додека исто така има по 4,1 одбрана по натпревар. Де Хеа одбрани и два пенали, а три пати ја зачува мрежата во дресот на Фиорентина.