Кралскиот клуб Реал пред два дена загуби од Олимпијакос во Пиреја, а сега е поразен и во Белград од Макаби.

„Израелската гордост“ триумфираше со 79-78 и покрај тоа што гостите на полувреме водеа со седум, а во последниот период и со девет разлика. Реал не го издржа финишот и последниот напад на Макаби кој го заврши мечот со серија од 7-0. Стрелец на победничкиот кош беше Сејбен Ли кој погоди преку Дек на точно една десетинка пред истекот на времето. Ли беше и најефикасен во својот тим со 19 поени, два повеќе од Рокас Јокубаитис.

 

Реал игра катастрофално оваа сезона и веќе доживеа четири порази во Евролигата. По седум одиграни кола, шпанскиот клуб и Макаби имаат идентичен биланс (3/4), но се надвор од плејоф зоната.