Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ е еден од подобрите шутери од новата генерација кошаркари кои ќе играат за сениорскиот тим во следните години. Беше одличен со Данска, прв стрелец и со Словачка, во двете стартни победи во циклусот за ЕП 2025.
Одличниот шутер донесе победа од половина терен против Данска на гости, а дома во СРЦ „Кале“ го најави пресвртот на Македонија со неверојатна тројка. Погоди преку играч, на истекот на времето, од голема далечина.
Плејмејкерот натпреварот го заврши со 20 поени и беше прв стрелец кај Македонија, пред Јакимовски и Стојановски кои дадоа по 15 поени.