Големите римски ривали Рома и Лацио забележаа победи во своите натпревари од 10. коло во италијанската Серија А.
Лацио го торпедира Комо со 5-1 како гостин и ја оствари четвртата победа во последните пет кола и вкупно шеста сезонава. Кастељанос и Педро погодија за 2-0 во првото полувреме, а во второто уште три гола за Лацио, дело на Патрик, повторно Кастељанос и Чаума. Единствениот гол за Комо беше дело на Мацители, а двата тима го завршија натпреварот со десет играчи.
Рома по катастрофалниот пораз во претходното коло од Фиорентина со 5-1 на својот „Олимпико“, минимално со 1-0 го совлада Торино. Тимот чиј тренер е Иван Јуриќ, кој пред Рома беше тренер на Торино, до победата стигна благодарение на голот на првата ѕвезда на тимот Пауло Дибала, кој постигна прекрасен гол во 20. минута.