Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Марио Крстовски донесе победа за екипата на Домжале над Копер во првата лига на Словенија. Офанзивецот беше стрелец на единствениот гол на средбата во 57 минута кога по корнерот на Пишек со атрактивен волеј удар ја затресе мрежата на гостите.
Ова за Македонецот беше осми лигашки гол во 22 натпревар. Домжале со 35 бода се наоѓа на 4. место на табелата.