Фудбалерите на Барселона цврсто чекорат кон титулата во Примера, откако  славеа на тешкото гостување кај Атлетик Билбао со својот минимален резултат  од 1-0.

Херој на Каталонците беше Рафиња, кој го постигна победничкиот погодок во судиското надополнување од првото полувреме и тоа со помош на ВАР, откако претходно помошниот судија го крена знаменцето и покажа офсајд.

Феноменален беше и голманот на Барса, Тер Штеген кој имаше неколку бравурозни одбрани, а и дефанзивците Алонсо и Кунде кои на два пати спасуваа на гол линијата во судиското продолжение.

Атлетико доминираше во второто полувреме, имаше неколку големи шанси, ја погоди стативата, имаше и погодок на Инаки Вилијамс во 87. минута, кој беше поништен поради игра со рака на Мунаин.

 

Барса пред Ел Класико следниот викенд останува со девет бодови повеќе во однос на Реал Мадрид, па ќе биде големо чудо ако на крајот не дојдат до посакуваната цел и шампионскиот трофеј.

https://twitter.com/manksa______/status/1635028004157145089?s=20