Лидерот во Примера, Барселона играше само 0-0 против Хетафе, но дел од навивачите имаа причина за славење поради еден одговор на претседателот на клубот, Жоан Лапорта.
Навивачите ги интересираше дали Лионел Меси ќе се врати во Барселона, а Лапорта на тоа одговори потврдно додека се фотографираше со фановите.
Меси за Барселона одигра 778 натпревари во кариерата, при што постигна 672 гола и 303 асистенции.
https://twitter.com/AlbicelesteTalk/status/1647720053645737984?s=20