Фудбалерите на Симоне Инзаги остварија важен триумф пред натпреварот во Лигата на шампионите кој ги очекува во среда. Посебно навивачите ги радува тоа што проработи голгетерот Лаутаро Мaртинез кој ги постигна првите два гола во новата сезона.
Мрежата на Удинезе се тресеше по само 42 секунди, кога по одличното додавање од Дармијан, Фратези го постигна водечкиот гол. Удинезе се консолидира и успеа да изедначи во 35. минута благодарение на Кристијан Кабуиселе, Лаутаро Мартинез во завршницата од првиот дел сепак обезбеди предност за шампионот на Италија.
Аргентинецот и по две минути игра во второто полувреме погоди за солидно водство од два гола разлика, за Лука Лоренцо во завршницата да ги постави конечните 3-2.