Тренерот Ханси Флик ги немаше на располагање најголемите ѕвезди за оваа пресметка и мораше да излезе на теренот со подмладен состав, а тоа скапо го чинеше затоа што Осасуна дури четири пати ја затресе мрежата на Инаки Пена.
Осасуна уште во првиот дел преку Будимир со удар со глава по нафрлување на Сарагоса дојде во водство. Сарагоса десет минути подоцна како брз воз ги претрча Кунде и Домингез, го заобиколи голманот Пења и ја погоди празната мрежа 2-0.
Пау Виктор на почетокот на второто полувреме на неочекуван начин со удар од далечина го матира чуварот на мрежата на домаќинот и донесе надеж за Барса дека може да освои барем бод.
Но Будимир по една с омнителна ситуација, од пенал зголеми на 3-1, а агонијата на Барселона ја продолжи резервистот Бретонес во 85. минута од мечот со страотен удар од далечина постигнувајќи маестрален гол.
Сепак, до крајот на средбата во листата на стрелци се запиша и Јамал кој намали на 2-4 постигнувајќи убав гол.
Барселона останува на првото место со 21 бод, односно четири повеќе од Реал Мадрид кој утре игра против Атлетико Мадрид.
Реал Сосиедад ја совлада Валенсија со 3-0, Рајо Ваљекано и Леганес играа 1-1, а Хетафе го надигра Алавес со 2-0.