Скандалот се случил после завршување на натпреварот. Капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини, во изјава за „Скај спортс“ откри дека тренерот Шетил Кнутсен бил тој што иницирал пресметка со Нуно Гомеш, тренерот на голманите на „Волчицата“.
„Нешто многу непријатно се случи. Нивниот прв тренер го нападна нашиот тренер на голманите. Прво му рече неколку работи, а потоа физички го нападна. Навистина е жално, бидејќи вакво однесување е навреда за Рома, за играчите и за персоналот. Срамота“, рече Пелегрини.
Рома има седум дена да се подготви за реваншот на „Олимпико“ и да се пласира во полуфиналето.