И покрај тоа што првичните вести содржеа шпекулации за насилен инцидент, во кој Денис Тот бил жртва на физичка пресметка, од МВР велат поинаку.
„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вчера (07.04.2022) во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста“, велат од МВР.
Наводно, тој бил донесен со срцева дисфункција и во моментов бил на Карил, каде што лекарите се бореле за неговиот живот. Оттаму за „Фокус“ потврдуваат дека Тот нема никакви знаци на насилство, но е во бессознание, бидејќи бил донесен без срцева акција. Во моментов на клиниката се бореле за неговиот живот.