Ливерпул е во трка за шампионската титула во Премиер-лигата, но работи со полна пареа и на засилувања за следната сезона. Според британските медиуми, „црвените“ се заинтересирани да ја доведат ѕвездата на Торино, Бремер, во своите редови.

Бразилскиот стопер Бремер е вистински хит во Серија А оваа сезона, тој е најзаслужен за тоа што неговиот тим прими само 30 гола во сезоната, еден помалку од првопласираниот Милан. Пазарната вредност на 25-годишниот фудбалер се проценува на околу 25 милиони евра, а голем интерес за доведување на Бремер во своите редови веќе покажа и актуелниот шампион на Италија, Интер.

За да му направи простор на Бремер, Јирген Клоп, ќе мора да се ослободи од еден од своите стопери, најверојатно тоа ќе биде Џо Гомез кој сезонава го загуби местото во стартниот состав на Ливерпул.

Речиси сигурно Бремер ќе го напушти Торино ова лето, само прашање е дали ќе остане во Серија А или ќе оди на „Енфилд“…