Хрватскиот ракометар кој беше претепан во Скопје е во кома и лекарите се борат за неговиот живот, според последните информации кои ги открива Вечерњи лист.
– Сето ова се случи во ноќниот клуб ‘Привилиџ’, а снимките од настанот се избришани. Некој знае што прави“, вели извор за „Вечерњи лист“.
Се огласи и ракометниот клуб Бутел од каде што кратко искоментираа:
– Денис има бројни скршеници и тешки повреди кои настанале како последица на удирање со тапи предмети, тупаници и нозе по целото тело.
Родителите на Тот пристигнале во болницата во Скопје. Од МВР се уште нема информации за случајот.
Тот во кариерата пред Бутел играше и за Бјеловар, Пореч, Адемар Леон и Брук.