Ракометната репрезентација на Португалија е едно од најпријатните изненадувања на Европското првенство. Португалците денеска ја совладаа Словенија со 33-30 и ги задржаа шансите за полуфинале.
После триумфот над Норвешка, Португалија приреди уште една нова сензација, овојпат беа подобри од селекцијата на Словенија. Натпреварот беше неизвесен во поголемиот тек, но финишот им припадна на Португалците кои има и предност од пет гола, на крајот победија со 33-30.
Мартим Коста со 11 голови беше незапирлив во составот на Португалија, кај Словенија Мачковшек реализираше седум пати. Португалија во следното коло игра против Шведска, Словенците ќе излезат на мегдан со Холандија.