Лазаров на список ги стави сите расположливи сили за пресметката со Чесите, исклучително важна за да се продолжи континуитетот на настапи на големите натпреварувања. Допрва ќе го скратува списокот и ќе ги избере ракометарите со кои ќе ги почне подготовките, а потоа и најподготвените за двете пресметки.
Во списокот ги нема Дејан Кукуловски од Пелистер и Михаил Аларова од Пролет, споредено со мартовскиот за Романија, а нови имиња се левиот бек на Пролет, Иван Џонов и пивотот на Тримо Тренер, Милан Лазаревски.
Мечот со Чешка во Злин е на 13 април од 20.15 часот, додека реваншот е на 17 април во Скопје од 19 часот.